Ниту еден предизвик не бара таква солидарност од Германците по крајот на Втората светска војна (1939-1945) како сегашната пандемија. Тоа го нагласи во првото телевизиско обраќање до нацијата, германската канцеларка Ангела Меркел по избивањето на пандемијата на новиот коронавирус.
– Коронавирусот драматично ги менува животите кај нас. Нашите идеи за нормалност, социјален живот, социјална кохабитација – сето ова е ставено на тест како никогаш досега – истакна Меркел.
– Јас сум цврсто убедена дека ние ќе го решиме тој проблем ако навистина сите граѓани го прифатат како свој проблем – додаде таа.
– Поради таа причина, дозволете ми да ви кажам дека ова е сериозно. Сфатете го сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна не постои таков предизвик кај нас што би барал наша заедничка солидарност – нагласи канцеларката.
– Постојат многу истражувања низ целиот свет, но засега нема ниту коронавирусна терапија, ниту вакцина – рече Меркел.
Додека е тоа така, треба да се стори само една работа – да се забави ширењето на вирусот, да добиеме на време, рече канцеларката.
Според неа, треба да се ограничи социјалниот живот колку што е можно повеќе.
– Ние мора да избегнеме се што може да ги загрози луѓето, се што може да му наштети на поединецот и на општеството – рече Меркел.
Таа ја потенцира важноста да се ограничи движењето на луѓето за да се запре ширењето на болеста.
– Следните недели ќе бидат уште потешки – рече канцеларката. Меркел потсети дека „милиони не можат да одат на работа, децата не одат на училиште или градинка, театри, кина, продавниците се затворени“.
– И најлош дел е – на сите ни недостасува комуникација … Ова е ограничување што никогаш не постоело во Германија – нагласи канцеларката.