Меркел: Некои тешкотии не можете да ги предвидите, како бугарската блокада на С. Македонија

од Nikola Popovski
241 прегледи

На денешната прес-конференција по виртуелниот состанок со лидерите на шесте држави oд Западен Балкан, германската канцеларка Ангела Меркел, го поздрави напредокот во регионот, но оцени дека треба уште многу да се сработи.

„Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ“, посочи Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан, а на кој учествуваа и претставници од земји членки на ЕУ – премиерите на Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија како и францускиот претседател, Емануел Макрон и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Запрашана за оценка на напредокот на регионот во последните 16 години откако таа е германски канцелар, Меркел рече дека имало и добри и лоши моменти.

Меѓу тешкотиите со кои во моментов се соочува регионот, Меркел наведе три работи: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во Босна и Херцеговина, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија.

„Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името… (Кога се реши тој спор) Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, рече Меркел.

Премиерот Зоран Заев денес учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан. Самитот го отвори токму Меркел која во своето обраќање се заблагодари на целиот регион, на политичките лидери, како и на сите меѓународни институции, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ кои го потпомагаа овој процес во изминатите седум години.

Слични содржини