Меркел откри дали ќе учевствува во решавањето на украинската криза: „Се ќе заврши со преговори“

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави во вторникот дека прашањето за нејзиното можно учевство во решавањето на украинската криза „не е на дневен ред“.

„Нема такво прашање“, изјави таа во интервју за неделникот „Сет“.

Меркел додаде дека не знае како ќе заврши конфликтот во Украина.

„Еден ден се ќе заврши со преговори. Војните завршуваат на преговарачка маса. Има разлика помеѓу наметнат мир, кој јас, како и другите, не го посакувам, и отворени пријателски преговори. Не сакам да додадам ништо повеќе“, изјави поранешната канцеларка.

Коментирајќи ја политиката што ја водела кон Русија и Украина, Меркел истакна дека „во тоа време носела одлуки според логика која сè уште ѝ изгледа разумна“.

„Се работеше за обид да се спречи војна како оваа. Само затоа што не успеавме, не значи дека беше погрешно да се обидеме“, рече таа.

Слични содржини