
Според прелиминарните резултати, своето гласачко право го искористиле 75 отсто од граѓаните, од кои 32,5 отсто својот глас го дале за Христијанско демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на Ангела Меркел.
Втори се, социјалдемократите на главниот ривал на Меркел Мартин Шулц кои остануваат со 21 отсто од гласовите.

Трети се “Алтернатива за Германија” (АФД) со 13 отсто, кои го дефинираат нивниот резултат како победа.
Одѕивот изнесува 76,5 проценти.
Така, Ангела Меркел со овие избори, ќе го добие својот четврти мандат како канцелар .
Сепак, резултатите на двете водечки партии се пониски од очекуваното. Социјалдемократите веќе изразија разочарување од поразот и ја потврдија својата намера да не бараат коалиција со Меркел.
Според социолошките студии и пред изборите, резултатите беа слични. 
Во кампањата доминираше бегалската криза, која продолжува да биде еден од главните проблеми за земјата. Изборите завршија во 18 часот по македонско време.
Сериозни повреди на денот на изборите не се пријавени. Изборните делови беа отворени во 8 часот наутро ова утро.
Околу 600 000 луѓе се грижеа за безбедноста .
Повеќе од 61 милион луѓе имаа право да гласаат, од кои многумина гласаа однапред по пошта.