Меркел се изјасни против нови преговори за влез на Турција во ЕУ

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Ангела Меркел се изјасни против продолжување на преговорите со Турција за влез во Европската унија.

merkel Германскиот канцелар Ангела Меркел се изјасни против продолжување на преговорите со Турција за влез во Европската унија. Ова го изјави таа за време на состанокот со пратениците од својата Демохристијанска унија во Бундестагот, обхави . “Билд”. За време на средбата Меркел изјавила дека активностите на турските власти по обидот за преврат во земјата не дозволуваат да се движи кон дискусијата за нови теми во преговорите.

Според “Билд” канцеларката ги советува пратениците да ја разјаснат оваа позиција на граѓаните за време на состаноците во изборните окрузи. Пратениците од Европскиот парламент гласаа на 24 ноември  за резолуција која повикува на прекин на преговорите меѓу Брисел и Анкара поради “непропорционалната” турска реакција кон наводните организатори на превратот во земјата.

Вчера турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека неговата земја се уште не се откажала од амбицијата да се приклучи кон ЕУ, но има “многу други алтернативи”, ако процесот на пристапување отиде наникаде. “Во моментов се уште не сме затворена книга со Европската унија”, рече Ердоган на меѓународна конференција во Истанбул. “Но, никој не треба да се заборави дека Турција секогаш има многу други алтернативи”, додаде тој. / ТАСС,