
„Коалицијата на губитници “е името кое ќе ја води Германија во следните години, а ослабената Ангела несомнено се подготвува да го одработи својот последен мандат, се вели во информацијата на АФП во однос на постигнатиот договор за формирање на Влада меѓу демохристијаните и социјадемократите.
Лидерите на германските демохристијани и на социјалдемократи постигнаа прелиминарен договор за формирање на германската влада по маратонските разговори, кои, меѓу другото, предвидуваат зајакнување на ЕУ, но првенствено преку соработка со Франција, зајакнување на еврото, додека проширувањето на ЕУ експлицитно тоа не се спомнува.
Дојче Веле, од документот околу кој се усогласени политичките ставови на германските лидери, ги изнесува клучните точки од договорот, вклучувајќи: реформа на здравственото осигурување, пензискиот систем, даночна стапка, бегалци, регрутирање на дополнителни полициски службеници.