Германската канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува за Русија подоцна оваа недела на разговори со рускиот лидер Владимир Путин.

Тие ќе разговараат за кризата на Блискиот исток по атентатот врз генералот Касем Сулејмани, информираат Ројтерс и руските медиуми. Кремљ објави дека Меркел ќе ја посети Русија в сабота на покана на Путин, а двајцата лидери размислуваат и да разговараат за ситуацијата во Сирија, Либија и Украина.
Меркел ќе се сретне со Путин на 11 јануари. На крајот на декември 2019 година, Путин и Меркел имаа телефонски разговор.