Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди дека Германија може да им забрани на турски политичари да одржуваат предизборни кампањи на територијата на европската страна, ако Анкара не престане да jа нарекува владата “нацисти” , пренесува “Франс прес”.
Претходно Германија ги осуди “неприфатливите” обвинувања на Ердоган. Меркел истакна дека овие навреди треба да престанат и дека Германија го задржува правото “да ги преземе сите неопходни мерки, вклучувајќи преглед на дозволи” за предизборните настани пред референдумот во Турција.
Викендов турскиот претседател Реџеп Ердоган ја обвини Меркел во употреба на “нацистички практики”, откако германските локални власти забранија неколку предизборни настани , повикувајќи се на логистички причини.