Мерките може ќе се продолжат или ќе бидат модифицирани за време на празниците, вели Филипче

од Берта Китинска
173 прегледи

На прашањето дали ќе се продолжат рестриктивните мерки или ќе има благо ублажување на истите за време на празниците, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека за ова со кризниот штаб ќе разговара во текот на наредните денови.

-Нема да има ниту еден параметар, ниту критериум друг освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина да мерките да продолжат или да бидат модифицирани. И во таа смисла проценка ќе се прави за викендов и на почетокот на следната недела и согласно тоа ќе одлучуваме, изјави Филипче.

Слични содржини