Мерките на Грција нов проблем за превозниците: Превозот на стоката не смее да запре

од Берта Китинска
424 прегледи

Километарската колона од камиони што беше создадена на ГП Богородица по воведувањето од грчка страна на новата мерка за заштита од коронавирусот утрово е расчистена и состојбата на границата за излез од земјава е нормализирана.

Билјана Муратовска од Макам-Транс во емисијата Студио 10 истакна дека сите поднесуваат жалби против мерките на Грција.

„ Дневно ќе може да влезат само 60 возила. Ние имаме резервација од вчера и треба да  чекаме 25 дена за да може да влезат возилата на територија во Грција. Превозот на стоката не смее да запре, зошто од тоа зависи опстанокот на населението. Замислете што ќе се случи ако цистерните на секој втор ден носат нафта. Значи  бензиските пумпи би ни останале без нафта“ ,вели Муратовска.

Муратовска истакна дека здруженијата  се во постојана комуникацина со МНР и со кординативното тело за погранично управување кои во доменот на нивните активности преговараат и се обидуваат да најдат решение.

Слични содржини