Мерко со честитка до Трамп иако САД го стави на црната листа

од Nikola Popovski
27 прегледи

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко му честиташе на новиот американски претседател Доналд Трамп по вчерашната инаугурација.

„Ви посакуваме успешен мандат и лидерство кое ќе донесе напредок и единство за целиот американски народ. Се надеваме дека во овој период, поддршката на САД за Балканот ќе продолжи да биде силна и присутна, зајакнувајќи ја соработката и стабилноста во регионот. Големите лидери градат мостови на соработка, и се надеваме дека партнерството помеѓу САД и нашите земји ќе продолжи да биде пример за успех во иднината. Бог да ја благослови Америка и сите народи кои веруваат во мир и напредок“, стои во објавата на Мерко на социјалните мрежи.

На 20-ти јуни 2023 година, САД го означи градоначалникот на Струга како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти тогаш Стејт Департментот. Оттаму порачаа дека Мерко, како градоначалник, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери.

На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.

Екс-функционерот на ДУИ се гони за 20 кривични дела. Министерството за внатрешни работи од 2007 до 2024 година поднело 12 кривични пријави. Осумнаесет дела се однесуваат на злоупотреба на службената положба и две за несовесно работење во службата.

Слични содржини