Мерлин за неколку часа ги распродаде картите вториот концерт во Загреб, отворен и третиот датум

од Radmila Tasevska

Дино Мерлин ги распродаде сите билети за неговиот втор концерт во Арена Загреб, кој ќе се одржи на деветти декември, за само осум часа откако билетите беа пуштени во продажба.

Да потсетиме, најавата за концертот што ќе се одржи на 9 декември дојде откако еден од најпопуларните музичари во регионот ги распродаде сите билети за концертот кој беше закажан за ден претходно.

„Уште една прекрасна вест. Немам зборови да искажам колку ми значи сето ова. Бескрајно сум благодарен на мојата драга публика. Нашето дружење во декември ќе биде сведоштво за едно време“, им порача Мерлин на публиката во Хрватска.

Поради голем интерес, официјално е објавен датумот на третиот по ред концерт во загрепската Арена. Ќе биде наредниот викенд, во сабота на 16 декември исто така во 20 часот. Билетите ќе бидат пуштени во продажба веќе во понеделник, 10 јули.

Слични содржини