Мерцедес ги лажирал тестовите за 1,6 дизел

од desk2
138 прегледи

 

Германските власти му наложија на Дајмлер да ги отповика возилата на популарното комбе Вито со 1,6 дизелскиот Евро 6 агрегат.

Властите во германија тврдат дека функциите за контрола на емисиите издувни гасови на овој мотор биле во спротивност со прописите..

Мерцедес најави тужба на суд за оваа одлука, доколку биде потребно, но и дека во потполност ќе соработува со регулаторното тело, и ќе ги информира сопствениците во врска со бесплатното надградување на софтверот штом ќе биде можно.

Германското министерствто за сообраќај во февруари почна истрага за наводно користење нелгален уред на околу 1.000 единици од Мерцедес Вито комбињата.

Дајмлер во четвртокот соопшти дека софтверските карактеристики кои се под истрага не се неопходни за моделот Вито да ги помине европските тестови за емисии на гасови.

Откако Волксваген призна во 2015 година дека ги лажирал американските тестови за емисии на гасови со помош на нелегален софтвер, германските гиганти како Волксваген, Мерцедес (во сопственост на Дајмлер) и БМВ се соочија со жесток удар критики за дизел технологијата во која инвестирале повеќе милијарди евра.