181
Мерцедес ги претстави своите посебни болиди за Луис Хамилтон и Валтер Ботас непосредно пред Големата награда на Германија.
Трката во Хокенхејм ќе биде јубилејна 200 Ф1 трка за Мерцедес кој слави 125 години на учество во различни мотоспорт активности.
Мерцедес во Хокенхајм го донесе најавениот голем пак на подобрување за својот Ф1 W10, кој вклучува нова шасија, нов систем за ладење и нови аеродинамични делови, а 125-годишнината ќе ја одбележат со нови бои.
„Без бела боја, металната лимарија на болидот беше изложена со тоа што даваше сребрен изглед. Така се роди сребрената стрела“, велат од Мерцедес.
Првиот тренинг за Големата награда на Германија почнува утре во 11 часот, а вториот исто така утре но попладне во 15 часот. За сабота се предвидени третиот тренинг во 12 часот и квалификациите во 15 часот, а трката почнува в недела во 15 часот и 10 минути.