Месечен хороскоп: Овните премолчуваат проблеми, Лавовите повторно под стрес

од Elena Daskalova
490 прегледи

Започна и новата година, а сигурно се прашувате што велат ѕвездите за првиот месец, за кој често се шегуваме дека е и најдолг во целата година.

Генерално, јануари ќе биде месец со многу позитивна енергија, бројни настани и големи одлуки. Во продолжение прочитајте како тоа ќе влијае врз вашиот хороскопски знак:

Овен

Ќе ви биде доста тешко да му објасните на партнерот како точно се чувствувате. Многу нешта премолчувате, а тоа воопшто не е решение за проблемите со кои се соочувате. Сепак, крајот на месецот ќе биде многу постабилен, потребно е само трпение. Слободните Овни ќе излезат на многу интересен состанок. На работа ќе дојде до промени на кои не се надевавте, а што е најдобро, сè оди во ваша корист. Не носете пренагли одлуки и бидете колку што можете поорганизирани и подоследни на своите намери и планови.

Бик

Конечно имате доволно време да уживате во друштвото на партнерот. Во јануари треба да одморите од напнатиот период кој ви претходеше во декември. Можни се ситни конфликти во потесното семејство. Ако сте слободни, ќе бидете разочарани поради минливоста на авантурите. На работа ве очекуваат голем број предизвици и промени. Под притисок сте дека мора нешто да промените. Сепак, во име на здравиот разум, мора да се откажете од некои проекти. Во текот на празниците обидете се да внимавате на исхраната.

Близнаци

Емоциите се интензивни и тешко ги контролирате. Во некои денови сте тажни без посебна причина, а во други сте полни со еуфорија. Партнерот е збунет поради тоа. Ако сте слободни, ќе почнете да размислувате дека е време да започнете нова романса, но нема да се впуштите во потрага, барем не веднаш. Претпоставените ќе го наградат вашиот труд. Односите со колегите се одлични и конечно ја сфаќате вредноста на тимската работа. Почнете да внесувате повеќе витамини преку исхраната.

Рак

Јануари е месец кога вие ќе блеснете на секое можно поле, без разлика дали сте во врска, во брак, сами, вљубени, вработени или студирате. Во овој месец ви станува јасно колку е важна отворената комуникација во секое поле од животот. На финансиски план ситуацијата не е особено блескава, но сето тоа ќе се смени при крајот на месецот. Ако планирате сопствен бизнис, потребно е да почекате да заврши овој месец. Здравјето ви е стабилно, а постојано сте полни со позитивна енергија.

Лав

Лавовите во јануари мора да се ослободат од секој можен притисок и да уживаат во мирот и хармонијата. Ви годи љубовта во партнерот. Ако сте слободни, шансите за љубов која ќе биде поголема од сите досега се навистина големи. Ќе запознаете личност која ќе ви дава сè она што ви недостигало на емотивен план. Се соочувате со професионални предизвици кои ве воодушевуваат. Време е да размислите во кој правец сакате вашата кариера да се развива. Постојано сте под стрес, обидете се да се релаксирате.

Девица

Девиците се доста несигурни во личните односи, а ќе сфатите и дека иако веќе е нова година и нова деценија, останале некои проблеми кои ќе мора да ги решите. Ако сте слободни, не влегувајте во врска за која не сте подготвени. Работните задачи не се лесни, но тоа вас не ви е проблем. Умеете добро да го организирате и времето, а уште поважно, односите во тимот. Подобрете го имунитетот со помош на повеќе свежа храна и обидете се да се ослободите од лошите и нездрави навики.

Вага

Фокусирани сте на семејните односи, а вашите најблиски тоа многу го ценат. Бидете поотворени и со својот партнер. Слободните Ваги ќе флертуваат, ќе излегуваат на состаноци, но постои и можноста фатално да се вљубат кога најмалку се надеваат. На работа сте мотивирани, имате енергија и не се плашите од конкуренција. Ќе ги остварите сите цели кои самите си ги зададовте. Можни се проблеми со дишните патишта, затоа е препорачливо да се чувате од настинки, преладеност и вирози.

Скорпија

Јануари ви носи и голема возбуда, особено поради љубовта и романтиката. Слободните Скорпии ги ставаат на тест сите потенцијални понуди, за да може конечно да се одлучат за најдобрата. Послушајте го своето срце. Месецов е идеален ако сакате да започнете некои нови проекти, но мора да внимавате да бидат финансиски исплатливи. Немате многу доверба во своите соработници. Останете фокусирани на сопствените задачи. Здравјето ви е добро, но ви треба повеќе одмор.

Стрелец

Стрелците имаат хармоничен однос со партнерот, кој може да се разниша при крајот на месецот. Мора да се обидете да го надминете тоа смирено и со разговор. Слободните Стрелци ќе запознаат личност која за кратко време ќе го освои нивното срце и ќе посакаат сериозна врска. Не започнувајте нови проекти и следете ги постоечките работни задачи. Јануари не е добар месец за тоа, подобро е да почекате уште малку. Лошата исхрана за време на празниците подоцна ќе ви предизвика дигестивни тегоби.

Јарец

Во оваа година влеговте позитивни, свежи и енергични. Такви им се допаѓате на сите околу вас, а особено на партнерот. Слободните Јарци ќе влегуваат во краткотрајни врски, од кои ќе учат важни лекции. Кога е во прашање работата, сигурни сте во себе и своите потези. Избегнувајте озборување и трачеви, а не споделувајте ги ниту своите планови со некој друг, за да избегнете добрите идеи да си ги припише некој кој не е заслужен. Време е да се вратите на вежбањето и овојпат навистина да бидете сериозни во тоа.

Водолија

Ве очекува месец полн со прекрасни љубовни мигови. Ќе добиете многу внимание од партнерот, но и ќе умеете да возвратите дури и повеќе. Ако сте слободни, конечно ќе го отворите срцето за сериозна врска. Напредувате и на професионален план. Обидете се да зачувате добри односи со сите колеги и да не влегувате во непотребни конфликти. Можно е да имаат забелешки за вашата надменост и ароганција. Имунитетот ви е заслабнат. Обидете се да го вратите со помош на исхрана или витамини како додаток.

Риби

Јануари ќе биде бурен кога е во прашање љубовта. Ако сте во врска, ќе сакате да испробувате нови нешта со саканата личност. Ако сте слободни, конечно ќе се ослободите од стравот од врзување. Имате шанса за прекрасна комуникација со личност која веќе ја знаете. На работа исто ве очекуваат добри вести. Ќе се покажете во најдобро светло и многу лесно ќе се прилагодувате на промените и новите задачи. Здравјето ви е променливо и многу често ќе имате главоболки и проблеми со грбот.

Слични содржини