Водафон и Нокиа, во соработка со Ауди ќе пратат ровери на Месечината за собирање научни податоци и да ја снимаат површината на Месечината.

Така, следната година Месечината, единствениот Земјин природен сателит, ќе добие своја прва мрежа 4G, точно половина век по стапнувањето на Нил Армстронг на нејзината површина.
Инженерите на Водафон ќе изградат енергетски економична мрежа користејќи хардвер од Нокиа со кој ќе ги придвижуваат роверите на Ауди. Роверите потоа ќе ја истражуваат површината на Месечината, а податоците и снимките ќе ги праќаат на Земјата.
Водафон се надева дека така ќе ја направат првата мрежа во вселената која ќе емитува HD livestream од Месечината.
„Ова е круцијален чекор за истражување на Сончевиот систем. За луѓето да можат да патуваат во вселената прво мора да развиеме инфраструктура надвор од нашиот дом, поточно планета“, вели Роберт Боме, извршен директор и основач на PTScientists.
КОмпанијата PTScientists ќе ги користи услугите на ракетата Фалкон 9 за да стигне до Месечината, а ќе полета од Кејп Канаверал.