Меси ја заврши репрезентативната кариера

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси одлучи да се повлече од аргентинската фудбалска репрезентација за која настапуваше повеќе од една деценија.638-397-leo-mesi

Причина за ставањето крај на репрезентативната кариера на фудбалерот на Барселона е огромното разочарување по поразот од Чиле во финалето од Копа Америка одиграно ноќеска во Ист Рутерфорд, САД.

Аргентина загуби на пенали, а Меси не го реализира ударот од 11 метри во првата серија.

29-годишниот Меси силно посакуваше трофеј со Аргентина, но и по четвртото финале, три на Копа Америка и едно на Мундијалите, не успеа да се искачи на тронот.

– Мојата репрезентативна кариера е готова. Се трудев, но повторно останавме без трофејот, а јас утнав важен пенал, истакна Меси.

Тој за Аргентина има одиграно 113 натпревари и постигнато 55 погодоци