365
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, постигна гол против Дортмунд Борусија (3:1) во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, што му овозможи да постави нов рекорд во елитното натпреварување, пред напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул.
Вчеравечер Борусија Дортмунд стана 34. ривал на кого Аргентинецот му дал гол во Лигата на шампионите.
Раул и Роналдо ги совладале голманите на 33 различни екипи.
Барселона со 11 бода е прва во групата Ф со обезбедено учество во плејофот од ЛШ.