Аргентинската ѕвезда, Лео Меси изјави дека неговиот настап на Копа Америка досега не е како
што се очекуваше. „Гаучосите“ се рангираа во 1/2-финале минатата ноќ откако ја победија
Венецуела со 2:0, а пречката кон пласман во финалето е големиот ривал и домаќин на турнирот –
Бразил.

„Ова не е најдобра Копа Америка за мене. Не играм како што очекував. Знаевме дека Венецуела ќе
се потпира на контра. Направивме уште еден чекор напред, но секој може да го освои турнирот.
Има уште многу работи на кои треба да се обрне внимание. Ние сме сите пријатели, се разбираме
од првиот ден, рече Меси по успехот.
Статистичките податоци покажуваат дека во зборовите на петкратниот освојувач на „Златната
топка“ имавистина. Од почетокот на Копа Америка има само еден гол – од пенал против Парагвај
во групната фаза. Неговите голови за Аргентина под водство на Лионел Скалони се три на број:
уште два во контролната со Никарагва.
Од друга страна, Лаутаро Мартинез сјае, откако селектор е Скалони. 21-годишниот напаѓач на Интер
постигна шест гола.