Меси се враќа дома? Еве каде ќе игра од декември 2025!

од Марта Пешевска
20 прегледи

Се чини дека легендата Лионел Меси подготвува нов, емотивен чекор во својата фудбалска кариера – враќање во татковината, во клубот каде сè започна. Меси, кој со својот неверојатен талент и упорност го одбележа фудбалот во последните две децении, ги освои најголемите признанија: осум Златни топки, четири титули во Лигата на шампионите со Барселона, олимписко злато, а најголемото достигнување му беше освојувањето на Светското првенство во 2022 година со Аргентина.

По години на успеси во Барселона и солиден период во Пари Сен Жермен, Меси минатата година пристигна во Интер Мајами, каде ја донесе магијата на фудбалот во САД. Многумина очекуваа дека тука ќе ја заврши својата кариера, но според информации од блиски извори до семејството на Меси, се подготвува нешто ново.

Според аргентинските медиуми, Лионел Меси би можел од декември 2025 година да се врати во Њуелс Олд Бојс, клубот од неговиот роден град Росарио, каде што како дете го започна својот фудбалски сон. Иако никогаш не играл професионален натпревар за овој клуб, љубовта кон него никогаш не ја заборавил.

Враќањето во Њуелс Олд Бојс ќе има огромно симболично значење за Меси, кој неколку пати изјави дека би сакал барем една сезона да ја помине во клубот каде што сè почнало, со што ќе го затвори кругот на својата блескава кариера. Оваа вест ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот, кои со нетрпение го очекуваат следното поглавје на еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот.

Слични содржини