Со потпишување на овој договор, старото ривалство меѓу двата најдобри фудбалери може да се обнови на саудиска трева. Овој исход може да ја наруши слободата на Португалецот, кој скоро цела сезона „гази“ во новата лига.
Договорено е заминувањето на Лионел Меси од ПСЖ во Саудиска Арабија, пренесуваат француските медиуми. Еден од најдобрите играчи на сите времиња ќе потпише договор за Ал-Хилал вреден дури 600 милиони евра.
Според агенцијата Франс-Прес, извор од Саудиска Арабија близок до клубот потврдил дека Меси следната сезона ќе игра на Блискиот Исток.
Овој трансфер предизвика незадоволство кај клубот, соиграчите и навивачите. Клубот првично го суспендираше фудбалетот на две недели, но мерката набрзо беше укината. Иако неговиот поранешен клуб Барселона има голема желба да ја врати својата ѕвезда, Ла Лига им претставува голема пречка.
Претпоставката е дека во случај на ваков трансфер старото ривалство меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе се обнови на саудиска трева. Сепак, пресметката може да ја наруши заминувањето на Португалецот, за кој пишуваат шпанските медиуми кои тврдат дека претседателот на Реал има многу работа за него доколку реши да биде амбасадор на клубот.