Меси vs Роналдо во јуни – четири гола против едно селфи!

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Напаѓачот на Аргентина Лионел Меси демонстрира прекрасен фудбал на Копа Америка, додека лидерот на Португалија, Кристијано Роналдо разочара на Евро 2016. 4895120Аргентинската острица досега игра 164 минути на Копа Америка во САД и запиша 4 гола плус две асистенции.

Лео двапати беше одредуван за најдобар играч на натпреварот. Роналдо има 180 минути на Европското во кои не успеа да постигне гол или да асистирра. Роналдо сепак успеа да си направи селфи со фан среде теренот, додека ривалот му не може да се пофали со такво достигнување.

4895121

Меси на Копа Америка: 164 минути,  4 гола, 2 асистенции ,10 удари,  5 ударот во контурите на вратата 0 направени селфита

Кристијано Роналдо на Евро 2016: 180 минути, 0 гола, 0 асистенции ,20 удари, 4 удари во контурите на вратата, 1 направено селфи

Фотосесијата на Португалецот со навивачот го расположи поранешниот голман Оливер Кан кој се сети  на неговата случка со гол фан. “За среќа во мое време немаше смартфони”, напиша Кан на Твитер. НА интернет денес изобилуваат колажи и анимации со главниот  лик Роналдо