Мет Дејмон е горд татко. Актерот неодамна го посети тату артистот Даниел Стоун, кој ги напиша имињата на неговите четири ќерки на раката со нежен фонт. Прва е онаа на неговата најстара ќерка Алесија (20), а потоа следуваат другите по година на раѓање – Изабела (13), Гија (10) и 8-годишната Стела.
Имињата се напишани близу до неговата сопруга Луси со која е во брак скоро 15 години. Стоун, кој ги истетовирал sвездите како Лејди Гага, Џо Џонас и Мајли Сајрус, ја опиша својата работа на кожата на Мет како „чест“.
Фото: Инстаграм
„Мет е легенда и неверојатна личност. Среќен сум што успеав да му направам тетоважа. Тој е еден од моите омилени актери “, изјави експертот за тетоважа за Е! Новости.