Мета: Не гледам никаква загриженост за европската иднина на Северна Македонија, Албанците се гаранција за тоа

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во однос на изборниот процес во Северна Македонија, вели дека „тоа треба да бидат што е можно подемократски процеси”.

„Во секој случај, неспорно е дека албанскиот фактор ќе продолжи да биде гаранција за европска Македонија, за евроатлантска Македонија, каков и да е исходот од тамошните избори, дали меѓу македонските партии или меѓу албанските партии и коалиции“, додава Мета.

На прашањето дали евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ би влијаела и би го променила европскиот курс на Северна Македонија, тој со одговор дека не верува во тоа, бидејќи „главните одлуки во Северна Македонија се веќе донесени, како што е Договорот од Преспа“.

„Се случија многу важни промени. Колку што забележав, ВМРО-ДПМНЕ имаше многу јасен став во однос на Берлинскиот процес и исполнувањето на обврските околу интеграцијата во Европската Унија. Уште еднаш потенцирам дека не гледам никаква грижа за европската и евроатлантската иднина на Северна Македонија“, одговорил Мета во телевизиско интервју од кое пренел делови на Фејсбук.

Тој и како шеф на државата и сега често ги посетува Македонците во Мала Преспа, а е познат по изјавата „прекрасна македонска заедница“ што редовно ја користи за Македонците во Албанија.

Слични содржини