Мета: Оставка од претседателската функција е национално предавство

од Aleksandar Petrovski
271 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета гостувајќи во телевизиска емисија изјави дека нема намера да поднесе оставка од функцијата.

Тој смета дека тоа би било предавство на земјата и нацијата.

– Мета поднесува оставка денес. Оставката на господинот Мета би била отворено, флагрантно и непростливо предавство кон Албанија и албанската нација. Тоа со нетрпение го очекуваат сите непријатели на Албанија, кои се под голем притисок од ваквото однесување на г. Мета и покрај тоа што не наметнало иста култура на соработка или почитување на институциите со другите актери. Ваквиот став на Мета е огледало што јасно ја покажува целата заплена на државата и сето ова сценарио, кое има за цел не само зграпчување на државата, распаѓање на државата, туку и распаѓање на Албанија и дефакторизација на Албанија и Албанците. Овој надворешно спонзориран вештачки конфликт има за цел дефакторизација на Албанија и, преку тоа, дефакторизира и Косово. Г-дин Мета не е во обична мисија туку на задача. Г-дин Мета не е дезертер, ако за Албанија тоа беше добро, тој ќе заминеше на време. Но,заминувањето на Мета е за да ја зграпчат единствената институција која го брани Уставот. Непријателите на Албанија би биле многу среќни затоа што нема да постои кредибилна демократско избрана институција која ќе им ја каже вистината на нашите пријатели низ целиот свет. Албанија има пријатели, но и непријатели кои работат против нашите интереси, изјави Мета.

Посочи дека неговата земјата има пријатели и непријатели во Европа и Америка, а остро зборуваше и за странските дипломати во земјата.

– Албанија има пријатели и непријатели во Европа, во Америка, тоа е војна на интереси, јас ги бранам интересите на мојата земја и на нацијата. Оставката не помага за решение, туку целосно заземање на државата. Албанскиот устав ќе го бранам од Владата, Парламентот, од опозицијата, од секого, од оние странци кои сакаат да го осквернават и злоупотребат, обвини Мета.

Притоа им порача „тие нека го осквернават Уставот на нивните земји, а не Уставот на Албанија, како што се научени да прават тука“.

– Тие добиваат десетици милиони евра и долари и никогаш не даваат сметка. Јас ќе го бранам Уставот до крај, но убеден сум дека ќе го бранат и чесните граѓани, бидејќи ова повеќе не може да се издржи, смета албанскиот претседател.

Мета додаде дека владејачкото парламентарно мнозинство и доколку се обиде да го разреши нема доволен број пратеници (94) за тоа и оти социјалистите се обидуваат да го „киднапираат без стил Уставниот суд“.

Слични содржини