Мета: Со изгласувањето, Македонија се ослободи од повеќегодишниот интеграциски грч

од desk2
90 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа,оценувајќи го како значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот интеграциски грч. 

-Гласањето во македонското Собрание за иницијативата за уставни промени претставува значаен чекор, надеж и верба дека процесот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат, напиша Мета на својот фејсбук профил.

Тој упати срдечни честитки до Владата на премиерот Зоран Заев за решавачките напори во овој правец и до сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот, кој не само што ја ослободува Македонија од повеќегодишниот грч во нејзината интеграција туку влијае и во безбедноста, стабилноста и благосотојбата во регионот.