Метеж за влез во Грција, се чека околу 45 минути

од Nikola Popovski
226 прегледи

Колни возила утрово се упатија кон Грција. Според информациите од АМСМ, на граничниот премин Богородица се чека околу 45 минути, а снимките од надзорните камери прикажуваат редици од автомобили и камиони во застој.

Топлото време и температурите над 40 целзиусови степени поттикнаа голем број граѓани да ја напуштат земјата и да се упатат кон туристичките дестинации.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини