Метолари: Ахмети е гаранција дека С. Македонија нема да отстапи од проевропскиот и проамериканскиот курс

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Албанците во Република Северна Македонија по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво, а тоа е благодарение на визијата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели аналитичарката на Евроинтегративните процеси од Тирана, Дориана Метолари – зборувајќи за евроинтегративниот пат на Скопје и Тирана кон ЕУ.

– Патот на европската интеграција на Северна Македонија е процес кој препозна одлична посветеност на дипломатско ниво. Морам да кажам дека политичките сили на Албанците по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво благодарение на визијата на Али Ахмети. Примарна улога во сето тоа имаше и првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, но треба да се додаде дека политичкото и дипломатското тло на Албанците е веќе направено, односно политичкиот ангажман оди напред благодарение на заедничкиот проевропски и про-американски дух. Партиите на Албанците имаат водечка улога во внатрешната и надворешната политика на Северна Македонија, што гарантира дека нема да биде компромитиран проевропскиот и пероамериканскиот политички курс, изјави Метолари.

Слични содржини