Метцелдер е осомничен за дистрибуција на детска порнографија

од Vlatko K
121 прегледи

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Кристоф Метцелдер е под истрага поради сомнение дека дистрибуирал детска порнографија. Според „Билд“, полицијата добила налог за претрес и му го одзела компјутерот и телефонот на 38-годишниот Германец.

Полицијата добила информација од неговата партнерка, која кажала дека Метцелдер наводно и испратил на „WhatsApp“ 15 слики со детско порно.

Метцелдер, како фудбалер ги бранеше боите на Борусија Дортмунд, РеалМадрид и Шалке.

За германската репрезентација, тој настапи на 47 натпревари. Има сребро од СП 2002 година, бронза од Мундијалот 2006 и сребро од ЕУРО 2008.