Министерството за финансии денеска преку соопштение реагира на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев на која тој тврдеше дека Владата во изминатиот период водела лоша и погубна економска политика. Според МФ, реалноста и фактите говорат спротивно од овие тврдења.

zgrada_finansii

– Невработеноста во Република Македонија е значително намалена последните десет години, односно од 38,7 отсто во 2005 година на 26,8 отсто во 2015 година, или за 11,9 процентни поени е помала согласно податоците на Државната статистика. За овие 9 години во Македонија се отворени 140.000 нови работни места, стапката на сиромаштија од 30 отсто во 2005 е намалена на 24 отсто во 2013 година, согласно податоците на Државниот завод за статистика, се вели во соопштението.

(ВИДЕО) Заев: Груевски ја доведе земјата до банкрот

Во него се додава дека странските директни инвестиции од 2007 до 2015 година изнесуваат 2,3 милијарди евра или се зголемиле за 4 пати во однос на периодот од 2003 до 2006 година, согласно податоците на Народна банка.

– Македонија е земја со највисок раст во регионот, согласно проценките на Светска банка и ММФ, Македонија е земја со четврт најнизок државен долг во Европа – согласно податоците на европската статистика Еуростат. Државниот долг е намален од 36,7 отсто во 2005 на 36 отсто од БДП во 2015, посочуваат од Министерството за финансии.

За успешноста на економската политики на власта, сметаат од МФ, говори и фактот што Македонија е 12-та најдобра дестинација во светот за водење бизнис и шеста најдобра во Европа согласно реномираниот извештај на Светска банка Дуинг бизнис. – Ова се факти. Нив ги кажуваат реномирани институции со интегритет, се вели во реакцијата од МФ.

Слични содржини