Мијалков не ја дочекал Новата година во затвор, бил на продолжен викенд

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Ексдиректорот на УБК, сега затвореник, Сашо Мијалков, новата година не ја дочекал во струшкиот затвор, каде одлежува затворска казна, пренесува „А1он“.

Тој бил на продолжен викенд, односно три дена ги поминал надвор од установата. Оваа привилегија му била овозможена од директорот на затворот, Ваљон Ќуља.

Мијалков излегол во четвртокот, на 29 декември, само три дена откако беше на судење во скопскиот Кривичен суд. Од Управата за извршување санкции тврдат дека тој се вратил на 1 јануари, односно во недела.

Слични содржини