„Ми беше срам да им признаам на пријателите, но ова најмногу го сакам во сексот“

од desk2
111 прегледи

Кога се во машко друштво, припадниците на посилниот пол се подготвени за фалење на своите сексуални постигнувања, а добар дел од нив приказната ќе ја раскажат како нив им одговара, само за да предизвикаат восхит од своите пријатели.

Но, како што знаат жените, вистината често е поинаква од нивните раскажувања.

Наместо маратонскиот секс и „спонтаното“ уништување на креветот со бурно водење љубов, добар дел од мажите воглавно сакаат нежност под чаршафите.

„Ми беше срам да им признаам на пријателите, но нежното водење љубов ми е најдраго. Обожувам кога партнерката со својот поглед и допир јасно ми дава до знаење дека ме сака и дека не ѝ е проблем таа да ја превземе иницијативата, за да ми го докаже тоа“, признава 34-годишен Матин.

„Немам ништо против брзиот секс, но тој никогаш не ги задоволува моите најдлабоки потреби“, додава тој. „Најмногу сакам кога нежно ќе ме соблече, ќе ме бакнува по целото тело и кога полека ќе стигнеме до оргазам. Тогаш чувствувам дека сме поврзани, како да сме едно.“

За тоа дека ваквите размислувања се сè почести кај мажите, ни потврдуваат и некои нови студии.

„Мажите не сакаат секогаш да бидат тие кои ќе иницираат сексуални односи“, вели д-р Даун Мајкл, клинички сексолог и авторка на прирачникот „Intimacy Guidebook for Couples“. „Ако мажите мора да иницираат секс секој пат, ќе почнат да се чувствуваат помалку привлечно, а може да развијат и страв од лоша ‘изведба’ во спалната соба.“

И покрај големата популарност на серијата „50 Нијанси на сиво“, д-р Мајкл забележала многу голем број на мажи кои копнеат по тотално поинакви работи.

„Некои мажи сакаат кога нивните жени се доминантни, но таа доминација да не ја прават на груб начин. Напротив, да доминираат со својата грижливост. За тоа ретко се зборува, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Сакаат интимност во сексот со жена, кој ќе биде преполн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емотивни суштества, а дека сексот е огромна експресија на интимност.“

Слични содржини