293
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска порача дека „сега се во убав момент“, кога граѓаните на државата, преку нивните претставници кажале не, на она што вели, Владата го бутка како бугарски диктат.
Мицевски истакна и дека не може да се чекаат редовни парламентарни избори.
Според него, денеска се виде дека владеачкото мнозинство нема двотретинско мнозинство. Тој побара да се распушти Собранието и граѓаните да гласаат на избори.
Следно што треба да се случи е распуштување и да идеме да ги прашаме граѓани на предвремени парламентарни избори за тие да одлучат што ќе се случува во иднина, кажа Мицевски од прес-салата на Собранието пред медиумите, после прекинатата седница за уставните измени.