Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на Телевизија 24 кажа дека нема да поддржат уставни промени.
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа под овие околности значи дека сите овие забелешки кои ги дадовме изминатиов период а јас како пратеник уште од потпишување на договорот во 2017та година, сите овие забелешки кои ги имавме во протестите кои ги организираше ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на кои што масовно излезе народот и на кои што 70% од граѓаните беа против овој договор и рамката која што беше поставена и сите овие забелешки кои што ги имаа историчарите односно здружението на историчарите додека не бидат надминати и разрешени и објаснети кај граѓаните нема шанси да се даде поддршка, затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е кохезивна, потенцираше Мицевски.
Дополнително тој повторно го потврди ставот на пратеничката група околу ова прашање и посочи дека ова не е истата пратеничка група како онаа од 2018.
-Морам да кажам дека оваа пратеничка група е различна од таа пратеничка група, процесот на обезбедување на гласови е сосема различен, кажа Мицевски.