Мицкоски: Додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината.

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината.

Мицкоски истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнала историски резултат во првиот изборен круг, освојувајќи мнозинство советнички листи во 58 општини и во Град Скопје – вкупно 59 општини. Според него, веќе се избрани 33 градоначалници, а во вториот круг ќе се натпреваруваат уште 26 кандидати од коалицијата.

Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале во првиот круг и упати апел до сите кои сè уште се двоумат да го искористат своето право на глас в недела.

– Гледаме дека има наши граѓани кои со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од западноевропските земји за да гласаат во места како Брвеница и Кичево. Истовремено, има наши сограѓани кои остануваат дома мислејќи дека така ќе испратат порака или револт. Но, со тоа само дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина, порача Мицкоски, додавајќи дека неговата порака е сите масовно да излезат и да гласаат за бројот 9 – кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче, за градоначалник на Македонска Каменица.

Слични содржини