Мицкоски: Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка мора да се стави на увид и да се отвори јавна дебата

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Овој договор треба да биде споделен со македонската јавност, со вас медиумите, па вие потоа да отворите јавна дебата и да можеме да зборуваме очи во очи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали според него е прифатливо само пратениците кои имаат безбедносен сертификат да го видат договорот кој владата на СДСМ и ДУИ го потпишала со Бехтел и Енка.

Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период пред јавноста соопшти најмалку десеттина дилеми за кои што смета дека се историски криминални.

„Ние отворивме најмалку десеттина дилеми изминатиот период кои што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа“, рече Мицкоски.

Слични содржини