Христијан Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица е во паника, затоа што неговиот ментор, Никола Груевски е со повисок рејтинг од него, порачаа утрово од СДСМ.
Владеачката партија смета дека поради тоа „Мицкоски секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, затоа и за време на хибридни напади кон институциите, тој тера политика и одработува за туѓи интереси“.
-На Мицкоски веќе не му е важно што е добро а што не за државата и граѓаните, туку му е важно само да не заостанува зад Апасиев, истакнуваат од СДСМ преку соопштение.
Четири години не е во земјава и исто толку време не е во политиката, но поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има најголем рејтинг меѓу граѓаните, покажа најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Веднаш зад него, со еден процент помалку гласови е лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Актуелниот премиер Димитар Ковачевски е на третото место со 5 проценти. Ковачевски е 10 месеци на функцијата претседател на Владата.