Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази, реагираат од СДСМ

од Vladimir Zorba
156 прегледи

„Ниту збор од Мицкоски не слушнавме за успешното справување со енергетската и економската криза, за покачените плати и пензии, за рекордниот износ на странски инвестиции“, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на опозицијата за Канал 5.

„Пропаднаа сите најави на Мицковски и Левица државата наскоро ќе пропадне, ќе нема доволно струја, гас, бензин, дека ќе има рестрикции на струја, прекини и недостиг на храна во супермаркетите.

Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија која забрзано се опоравува од кризата. Инфлацијата е зауздана, а политиките на Ковачевски ги намалуваат цените на лебот, тестенините, млекото, месото, јајцата.

Дополнително, денеска Христијан Мицкоски призна дека со месеци го лажеше народот и своето членство дека има 61 пратеник и ќе го распишти Собранието оваа пролет. Наместо распуштање имаме зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат.

Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, велат, меѓу другото, од СДСМ.

Слични содржини