Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Турција, каде оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Како што објави премиерот на социјалните мрежи, на средбата е потврдена заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Во таа насока, како што наведе Мицкоски, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.
-Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.
Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи, вели премиерот Мицкоски.
Пред шест дена претседателот на Владата информира дека во петок патува во Истанбул, на приватен ручек со Ердоган за, како што вели, потврда на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Турција. По викендов, во понеделник и вторник, рече дека предвидена е меѓувладина конференција во Будимпешта.
Македонија мора да се прилагоди на новото нормално кое доаѓа од Вашингтон бидејќи нема да има друга шанса – ова е првиот впечаток на премиерот Мицкоски по враќањето од САД укажувајќи на тоа дека меѓу првите го запоседнал теренот и дека сите лидери после него кои ги препознаваат новите политики ќе го направат истото. Средбите кои Мицкоски ги има надвор од земјата тврди се фронт на кој тој ќе се бори за да предочи дека земја која е заглавена со своите сфаќања во претходниот век се обидува да ја кочи Македонија на патот кон нејзините евроинтеграции. Осврнувајќи се и на настапот на амеиканскиот потпретседател Џеј Ди Венс пак потенцираше дека го поздравува неговиот говор и не препознава радикална десница во неговото обраќање туку само реално доловување на вистината преку преимери.