Мицкоски и неговите кадри за една година го уништија Скопје, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
159 прегледи

СДСМ преку соопштение порача дека „шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ за една година го уништија Скопје“.

За една година, како што истакнуваат од партијата на власт, тие го доведоа градот во хаос, се изживуваат врз граѓаните.

-Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија. ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија. Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од владеачката партија и додаваат:

-На Христијан Мицоски и на ВМРО-ДПМНЕ, поважни им се бизнис интересите, тендерите и провизиите, отколку решавање на хаосот што го создадоа, стои во соопштението од Бихаќка“.

Слични содржини