Мицкоски: Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играла во корист на СЈО и Заев

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, истакна оти постои коалиција меѓу ДУИ и Левица, односно Али Ахмети и Димитар Апасиев. Јасно е вели, дека Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играла во корист на СЈО и Зоран Заев.

– Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа дека правеле тајни коалиции за наводно да ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам, кажа Мицкоски.