Мицкоски: Логични се барањата на опозицијата за предвремени избори

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите дадена во Берово оцени дека актуелната Влада нема кредибилитет и дека логични се барањата на опозицијата за предвремени избори.

„Имаме Влада која нема кредибилитет, а би рекол и политички легитимитет бидејќи главна нивна политика беа уставните измени под бугарски диктат, а тоа им се удира од ѕид. Поминаа 10 дена од дебатата за уставните измени, се гласаше по дневниот ред и јасно беше дека нема мнозинство за да се испорача тоа што треба, а тоа значи дека им се удира од ѕид“, рече Мицкоски.

Согласно ова, како што додаде, логични се барањата за предвремени избори.

„Во отсуство на било која друга политика која би можела да ги кохезира работите, нормално е народот и опозицијата да бара час поскоро да се одржат предвремени избори имајќи предвид дека напролет се редовните избори, со што народот би добил Влада која има кредибилитет и политички легитимитет за да ги забрза процесите напред“, рече Мицкоски.

Слични содржини