Мицкоски: Нема да ги напуштиме преговорите и договорите, не знам како мирно ќе спијат европратениците кои гласаа за бришење на јазикот и идентитетот

од Nikola Popovski
28 прегледи

Не можам да прифатам како европратеници кои вчера гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот, мирно ќе спијат, а им благодарам на сите оние кои што гласаа против и на оние кои што беа воздржани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски за последните случувања во Европскиот парламент во Стразбур.

Премиерот вели дека грешките од минатото нема да ги направат, иако, како што вели, некој очекуваше после вчерашното гласање во ЕП револтирано  ќе ги напуштиме преговорите или договорите.

-Незрело и неодговорно нема да се однесуваме и остануваме попосветени. Ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме посакувани од ЕУ, кажа Мицкоски по настанот по повод 80-годишнина од формирање на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Мицкоски исто ја обвини опозицијата дека не сака да покаже обединување во вакви моменти, како пример посочувајќи ги бугарските европратеници и политичари кои во претходниот период се обединеле против македонските позиции, цврсто штитејќи го нивниот бугарски интерес.

Слични содржини