Мицкоски: Нема градежни активности на коридорот 8 затоа што не се подготвени

од Stefanija Kuzmanovska

Нема уште долго време да видиме градежни активности на терен затоа што вие и од владата го слушнавте тоа што ние го зборуваме цело време, а тоа е дека не се подготвени и немаат проекти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став откако вчера наместо градежни активности на коридорот 8, министерството за транспорт и врски објави само соопштение.

Мицкоски ги повика од влада да го демантираат ако не е точно тоа што го зборува, укажувајќи дека до сега се што изнеле во јавноста не било демантирано од страна на владата.

„Денеска поминуваат 45 дена од денот на потпишување. Законот за работни односи не е сменет, односно работната недела е 40 работни часа, не е 60 како што тоа е предвидено во договорот и од денеска стартуваат пеналите, односно еднократно ќе треба да платите 53 милиони евра на Бехтел и Енка, а потоа секој месец ќе треба да плаќате по повеќе од 2 милиони евра за секој ден, секој месец што се доцни, вие граѓаните“, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини