Не знам дали Албанија има 10% царини. Од она што го видовме како соопштение од Кабинетот на претседателот Трамп, ова е прва фаза, не е договор. Ова се всушност трговски маржи. Преговорите продолжуваат за нас. Во моментов се наоѓаме во една „пауза“ и веднаш по годишните одмори, во втората половина на август ќе продолжиме со договорите. Очекувам уште повеќе да одиме подолу, изјави премиерот Гристијан Мицкоски откако претседателот на САД потпиша извршна наредба со која официјално се најавуваат нови царини за увоз од десетици земји.
Новите давачки ќе се применуваат за седум дена, односно од 7-ми август и се движат од 10 до 50 насто. Македонија, доби стапка од 15 проценти, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија.
Премиерот истакна дека Србија има 35%, БиХ 30, Швајцарија 39%, а Македонија е во групата на Норвешка, Израел, ЕУ итн.
-Сакам да се заблагодарам на САД што ја корегираа тарифата. Оптимист сум дека ќе одиме уште подолу, додаде Мицкоски по посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.