Мицкоски од Охрид: Ќе реалоцираме 250 милиони евра од централниот буџет за локални проекти

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска во Охрид оствари средба со туристички работници, пред кои изјави дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде приоритет на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти“, рече тој.

Од страна на туристичките работници, според ВМРО-ДПМНЕ било посочено на лошата патна инфраструктура, како и дека туристи од Скопје до Охрид патуваат и повеќе од летири часа.

Според Мицкоски, автопатпот не е приоритет на ова власт која, како што посочи, „троши 200 милиони евра на проекти кои не ги гледаме“.

„Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти“, изјави Мицкоски.

Слични содржини