Мицкоски однапред знае кој ќе биде победник на локалните избори

- Јасен е победникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, потенцираше Мицкоски. 

од Vladimir Zorba
132 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Јасен е победникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, потенцираше Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со независните кандидатури за локалните избори, премиерот кажа дека тие како Влада направиле се за да обезбедат сите да бидат задоволни.

– Не знам што ние како Влада треба да направиме за да обезбедиме сите да бидат задоволни. Тоа е невозможно. Ова е резултат на Уставниот суд којшто поништи два члена, не се усвоија измените во Изборниот законик во рамките на Парламентот и сега таа е реакцијата и јас не знам што можеме ние како Влада повеќе од ова да направиме, рече Мицкоски.