Мицкоски откри дали администрацијата на Трамп може да помогне во решавањето на спорот со Бугарија

од Nikola Popovski
568 прегледи

„Полека, но сигурно, новото нормално ќе се шири, а од Вашингтон – ќе се наметне низ целиот свет, а Македонија е меѓу првите што „го запоседнува теренот“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој од средината на минатата година, кога ВМРО-ДПМНЕ формираше влада, имаше три посети на Вашингтон.

„Верувам дека со контактите што ги имаме со најблискиот периментар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не да загубиме. Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век и сметам дека треба што поскоро официјално да ги започнеме преговорите со ЕУ, кои се дел од овој билатерален спор. А за сите атрибути кои се дел од овој билатерален спор кои одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет тука сметат дека не треба да се коментира, бдејќи за идентитетски прашања секој мој коментар би бил одвишок бидејќи се знае мојот став за тоа прашање“, кажа Мицкоски на вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали верува дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ќе може да ѝ помогне на земјата „да го реши спорот со Бугарија“.

Премиерот најави дека ќе продолжи да гради сојузи „со сите земји“, а в петок ќе оди во Истанбул, каде што ќе има „ручек со турскиот претседател Ердоган“, а владините аргументи за европската интеграција на земјата ќе бидат претставени на меѓувладина конференција со Унгарија следната недела во Будимпешта.

Слични содржини