Мицкоски побара од сите партии да седнат на заедничка маса и да изградат македонска платформа за иднината

од Nikola Popovski
43 прегледи

Мораме да имаме општа согласност за исполнување на стратешката цел – членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива, ниту постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми, повеќе пари и среден систем. Ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од европскиот пат, но воедно мора да се знае и горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите во Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу отстапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за отстапка по секоја цена, изјави премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември.

Премиерот во својот говор побара единство и обединување во општеството. Исто така испрати порака до лидерите во опозицијата да се обединат.

-Исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. Прифатете го ова што го нудам како платформа. Сите партии и чинители да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување, за иднината и наредната доба. Од нас зависи, во наши раце е иднината и ние можеме. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во безидејност и конструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивни игри. Дојде време да завртите нова страница во која ќе бидете активен учесник во градењето на заедничката држава. Силна опозиција е од суштинско значење, додаде меѓу другото, Мицкоски во своето обраќање пред присутните во салата на Македонската филхармонија.

Слични содржини