Мицкоски: Последните анкети кои ги правиме велат дека водиме повеќе од два пати пред СДСМ

од Vladimir Zorba

„Последните анкети кои што ние како политичка партија ги правиме секој месец по една теренска и по една телефонска анкета, морам да кажам дека покажуваат за првпат разликата помеѓу нас и СДСМ да е многу повеќе и од два пати. Последните бројки кои што ги добивме овој месец се 24 наспроти 11 проценти. И тоа е огромна доверба и огромно очекување на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во ТВ Тера.

Мицкоски додаде дека тенденција на партијата е довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ да расте.

„Значи вие кога имате толкава предност, тоа и ве обврзува и треба и ние да се замислиме во ВМРО-ДПМНЕ, и добро да се екипираме затоа што граѓаните ќе имаат огромни очекувања и брзи очекувања во идната Влада која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи“, заклучи Мицкоски.

Слични содржини